Monday, November 22, 2010

ГРАДОТ НА ИДНИНАТА ЕКСПЕРИМЕНТ ИЛИ УТОПИЈА

Единственото нешто што е радикално е просторот, кој незнаеме како да го населиме. Простор во кој мораме да ги осмислиме начините како да се однесуваме и живееме.

Lebbeus Woods






Повекекратното зголемување на популацијата во светот во последните стотина години прдизвика екстремно растење на современите градови. Пренаселеноста претставува најголем основен промлем на денешните градови придизвикувајки низа на верижни проблеми најчесто поврзани со деградација на животната средина.



Мексико



Во 60-те години на минатиот век појавија радикални, револуционерни утопистички движења во архитектурата и урбанизмот за градот на иднината. Овие утопистички идеи беа последица на сооченоста со екстремниот рапиден раст градовите и нивните деконструктивни последици врз планетата земја. Стравот од овие радикални идеи беше причина тие речиси целосно да се игнорираат така што градовите продолжија да се развиваат според истоветните образци на традиционалниот урбанизам. Така градовите и понатаму растеа по пат на проста адиција претворајки сво дефрагментирани мегаградови каде урбанизмот вршеше и сеуште врши интервенции само од хируршки карактер претворајки ги градовите во вечни пациенти. За разлика од тоа предходно споменатите радикални идеи за градовите на иднината понудија еден целовит концептуален пристап гледајки ги како една органска целина. Тогаш се понудија различни концепти, различни гледишта за то како да се развиваат современите градови во иднина, притоа решавјки актуелните клучни проблеми поврзани со пренаселеноста, деградацијата на животната средина, идентитетот на градската форма, новонастанатите општествено-социјани и културни услови. Денес ги имаме мегаградовите, човекот како врв на целото создание е нивен творец, човештвото создаде структури кои имаат крајно деконструктивен карактер како по однос на животната средина така и по однос на самиот човек.






Идејата за град на иднината се отвара во 1956 г, година во која Constant Nieuwenhuys ја зпочнува глобалната архитектонска утопија, Нов Вавилон. Целосно спекулативен Constant го опишува како еден поинаков град за еден поинаков живот. Тоа е време кога Guy Debord и неговата дружина од револуционери се двжеа низ улиците на Париз, повикувајки за ново психолошко свакање на градот, време кога бескрајната мрежа од зони на Constant составена од празнини и објекти, конструкции и деконструкции , време кога Градот на иднината го добива своето потполно значење.

Суперпонирањето на еден град врз друг, просторен град на Yona Friedman(1958-60), претставува поинаква критичка појдовна точка така што современата практика, како што се OMA и MVRDV го споделуваа воодушевувањето на Friedman за одржување и зачувување на постоечкиот град, а воедно овозможувајки драматично зголемување на популационата густина. Во поглед на урбаната состојба на градовите од тоа време, Friedman им придава значење на мобилноста наспроти статичноста, комлексноста наспроти формализмот. За разлика од Constant, Friedman го подржува непредвидливиот и хаотичен раст на урбаната состојба на градовите во кои жителот ке претставува активен играч.






Излегувајки од кризта на класичната модерна архитектура, Constant и Friedman остануваат примери за тоа како архитектурата може да биде радикална. Guy Debord е уверен дека архитектурата не може да постои без луѓето, движењето и желбата. За повеке од 10 години архитектите го пресоздаоа градот така што тој доби варијабилен карактер; спиритуален (Szekely), инстантен (Archigram), кратерен (Chaneac), пловечки (Kurokawa и Kikutake), компактен (Pichler), заоблен (Architecture Principle), и континуинален (Archizoom и Superstudio).









Органските форми и процеси во природните светови ги инспирираа архитектите за нови начини на размислување за градовите и нивната архитектура. Новите индустриски материјали овозможија експерименти од префабрикувани капсули и келии за живеење и работа. Во овој контекст ергономската куќа на иднината на Peter и Alison Smithson (1955-56) го посочи патот кон новиот начин на размислувње. Повеке проекти од 60 те годинини ја илустрираат страста на тоа време за алтернативни начини на живеење, перформанси и пнеуматски форми. Archigram посочуваше на популарната култура и новиот тип на перформативна архитектура.















Вертикалниот аспект на Менхетен е заменет со хоризонталноста, втор урбан ред во пионерската работа на Claude Parent и Paul Virlio, кои антиципираа превиткувачките форми и експерименти со површината кои се актуелни и во денешно време. Во континуитет на Фриедман и Цонстант архитектите замислуваа огромни пловечки структури составени од капсули и приклучоци, таканаречени мегаструктури. Јапонските метаболисти имаа големо влијание во имплементирањето на метафората за растеж, остварувајки ја идеата преку нивните архитектонски проекти и визии за градот на иднината.











Во доцните 60-ти години во Италија, Бескрајниот град на Archizoom и Континуианалниот монумент на Superstudio понудија безмилосна критика на актуелното општество и архитектура. Во 1972 Рем Коолхаас покажува јасен сомнеж во радикализмот на предходноспоменатите Италијанци. Како една од главните фигури на идејата за градот на иднината Rem Koolhaas заедно со неговите колеги од ОМА презентираат три проекти направени во период од триесет години: оригинални цртежи во кои се слави урбаната конгистенција, Метропола во делириум (1972), Град во објект, библиотеката Jussieu (1992), и објектот на CCTV во Пекинг (2008).








Револуционерните утопии и дистопии од перодот помеѓу 1956 -1976 отворија пат во 80-те години за деконструктивистичките дела на Tschumi, Eisenman, Libeskind, и Morphosis. Засновни на теорија и актуелното преиспитување на самата архитектура деконструкцијата продолжува да се реинтепретира и одново воспоставува. После 1990 година во современата пракса доминира револуцијата на дигиталната технологија. Во пракса ова значи дека архитектите имаат способност и капацитет да дизајнираат многу покомплексни форми и да ги реализираат со специјализирани комјутерски цртачки алатки, без да мораат да се повикуваат на стандардизираните фабрички компоненти. Завитканите набраните рамнини се една од карактеристиките на оваа нова архитектонска област. Комјутерски генерираните податоци можат да бидат користени за информирање на сложената структура на објектите и реосмислувањето на идните градови. Пристанишниот терминал во Јокохама на Foreign Office Architects (1995-20020) претставува белег во интелегентната утилитизација на на информации за креирње на надворешен јавен простор, окарактеризиран со превиткани рамнини.








Границите помеѓу концептуалната уметноста, уметноста базирана на инсталации и архитектурата продолжуваат да бидат нејасни.

Мапите за градот на иднината со експериментален карактер и картите кои имаат архитектонски фрактуриран однос кон градот ги слават иноваторите и визионерите кои се трудеа да ги прошират границите на нивната пракса и кои избраа исклучителните наместо вобичаените места. Градот на иднината, сеуште, поставува важни прашања за иднината на архитектурата и нашите градови. Yona Fridman предвидуваше дека до крајот на 2000-та архитектурата би требало да исчезне, да стане невидлива. Во современите ситуации, особено во места како Кина и Дубаи, со иконичен принцип во градењето, архитектурата е презентирана како спектакал. Додека пак комјутерски подржаниот дизајн може да доведе до опсесија со формална комлексност, жртвувајки го ангажманот со општеството. На крајот се поставува прашањето од што всушност се состои вистински радикалното.


Lebbeus Woods создава дела кои одговараат на кризни зони; места како што се Сараево, Берлин, Хавана. Надвор од деградирани локации тој предвидува нови почетоци. Тој верува дека иднината на нашите градови мора да биде креирана подлабоко, со точно прецизирани услови кои постојат во сегашноста. За визионерските одредици за просторот Woods критикува дека тие немаат намера да бидат реализирани, како што се многу дела за Градот на иднината, дека тоа е надвор од секоја смисла. Архитектите мораат да продолжат да пресоздаваат градот дури ако тоа е само на хартија.